Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Коста Костадинов е новиот градоначалник на Струмица – прогласи победа во прв круг

– Успеавме Струмицо! Благодарам за вербата во младоста! Од срце за Струмица, порача на социјалните мрежи Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица.

Костадинов рече дека е новиот градоначалник на Струмица и порача дека извојувал победа во прв круг на прес конференцијата оддржана вечерва.

Костадинов порача дека победил со 4.000 гласови разлика пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.

– Ова е мојот град! Ова се Струмичаните! Ова се граѓаните на град Струмица! Ова се жителите на сите населени места од нашата општина!

Ова е резултат со кој, да сме живи и здрави, ќе заокружиме 2 децении целосна политичка доминација во Струмица, 2 децении социјалдемократија, 2 децении слобода, демократија, еднаквост.

На почеток, дозволете да ја поздравам успешноста на овие локални избори и демократскиот капацитет кој уште еднаш го покажавме на дело. Да, македонскиот народ и тоа како знае што е демократија!

Најнапред би сакал да се заблагодарам на сите граѓанки и граѓани кои се одважија да излезат на гласање и да го дадат својот глас,особено голема, огромна благодарност за сите Вас кои денес гласавте за нас и нам ни ја дадовте довербата.
Тука, би искористил да честитам и да се заблагодарам на сите мои сопартијци и на тимот околу мене со кои успеавме во изминатите денови.

За крај, одовде, вечерва можам како завет да

кажам – Со целото срце, за Струмица!

Имајте сите убава вечер, неделна, празнична вечер!, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Гореа две возила на паркинг во Гевгелија

ДЕСК

23 годишник го претепал татка си – детали за инцидентот во струмичко

ДЕСК

Добра вест: Полицијата ја пронајде 16 годишната малолетничка која била пријавена за исчезната

ДЕСК