Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Комунална Хигиена-Скопје започнува со машинско миење на скопските булевари и улици

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни.

Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.

Во текот на 2025-та година биле запалени вкупно 27 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК