18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Колку е ефикасен витаминот Ц во одржувањето на нашето здравје?

Кога зборуваме за имунитет, повеќето луѓе прво мислат на витамин Ц. Во последно време, ние зборуваме за здравјето повеќе од кога било.

Колку е ефикасен витаминот Ц во одржувањето на нашето здравје?
Д -р Меган Мејер, директор за научна комуникација на Меѓународниот совет за информации за храна, зборува за еден од најпознатите витамини за зајакнување на имунитетот: витамин Ц.

Што точно му прави витаминот Ц на нашето тело?
“Витаминот Ц е витамин растворлив во вода кој делува како моќен антиоксиданс. Тој игра важна улога во нервниот систем, метаболизмот и имунитетот. Покрај тоа, витаминот Ц помага во апсорпцијата на микронутриенти, особено железото”, истакнува докторката.

Колку витамин Ц ни е потребен дневно?
Една неодамнешна студија покажа дека дневниот внес на витамин Ц треба да биде 90 милиграми за мажи и 75 за жени.

Дали удвојувањето на внесот на витамин Ц ќе му помогне на имунолошкиот систем?

Витаминот Ц е важна хранлива состојка за оптимална имунолошка функција. Сепак, студиите покажаа дека земањето на неговите мегадози во форма на додатоци навистина не помага во борбата против болестите, како што е настинката.

Лековитиот ефект на витамин Ц – најголемата измама во историјата?
Повеќе витамин Ц не е нужно подобро, бидејќи нашето тело не може да апсорбира премногу витамини.

Бидејќи витаминот Ц е растворлив во вода, има ниска токсичност и не е поврзан со штетни ефекти во високи дози.

Меѓутоа, ако земате одредени лекови, треба да бидете особено внимателни со додатоците на витамин Ц, па во тој случај, консултирајте се со доктор.

Пиперката има повеќе витамин Ц од лимонот, го штити и срцето.

Која храна може да се комбинира со витамин Ц?
Големи количини на витамин Ц може да се најдат во зеленчук како што се брокула, зелка, карфиол, компири, спанаќ и домати, агруми и сок од цитрус, јагоди и сок од домати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лек за сите проблеми: Еве кои се придобивките од маслото од кантарион во превенцијата од болести

M T

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Природен лек кој може да ни помогне: Еве за што е добар чајот од камилица

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T

Дали користите суплементи и витамини? – Фрлате пари, велат научниците

M T

Нема добра КРВНА СЛИКА без овие ТРИ ВИТАМИНИ, а еве кои намирници најмногу ги содржат

M T