2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ прогласи победа и водство во Скопје и уште 26 општини

Предмалку генералниот секретар, Љупчо Николовски соопшти дека СДСМ победува во најмалку 26 општини.

Меѓу општините каде што СДСМ води во Град Скопје со околу 10.000 гласови, во Центар, Карпош, Струмица, Куманово, Дојран, Долнени, Шуто Оризери и уште дваесетина општини.

Николовски за прославата на Христијан Мицкоски му порача “Кочи Мицко” и додаде дека има втор круг, а СДСМ, рече тој го има најголемиот коалиционене капацитет.

Николовски рече дека не е точно дека ВМРО ДПМНЕ победува во Битола, туку таму ќе има и втор круг. Исто така порача дека заедно со кандидатот на ЛДП, коалицијата имаат подобар резултат од ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +