Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина ‘‘ пред арачиновци вети дека развојот на Арачиново ќе продолжи како и досега, бидејќи СДСМ е партија која не ги дели ниту луѓето, ниту пак општините и додаде дека Арачиново ќе биде европска општина, како и сите останати општини.
‘‘И освен што го унапредивме Арачиново за 2 века, одржавме лекции по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон – демек ја разбрале вредноста на заедништвото. А сите знаеме, не се одамна тие времиња, во коишто истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат. Е тоа го има само во режимот, ама режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати‘‘- рече Зоран Заев.
Заев потенцирање дека Арачиново е пример дека сите заедно можеме да живееме, да се сакаме и да се почитуваме, што претставува клуч за успехот и напредокот не само на општинити, туку и на државата.
‘‘Нашата сила е во заедништвото. А заедништвото е Најдоброто и за Арачиново и за Република Северна Македонија. И затоа – си знаете и вие – на 17 октомври: пенкалото в рака и како што заедно срушивме режим, да не оставиме ни зрак „светла иднина на режимот“, да му го запечатиме местото во минатото, а ние, заедно, повторно со пекналото в врака, да го донесеме НАЈДОБРОТО‘‘ – додаде Заев.
Заев го поздрави досегашното менаџирање на градоначалничката Миликије и даде поддршка да продолжи да работи како и досега и повеќе, и од доброто и подоброто, да го сработи Најдоброто за Арачиново.
’’Миликије памети од детството, како вашите, нашите предци тука, сакале да живеат во мирна, спокојна средина, со сите потребни услови за квалитетен живот. Од запоставено Арачиново, поделено, без елементарни услови за живеење, Миликије сплоти и сработи. Ете вакви луѓе ни требаат, кои соработуваат, кои градат мостови и најважното – работат, се грижат – се грижат за сите‘‘ – рече Заев и побара од арачиновци на 17 ти октомври да победи заедништвото, проектите, напредокот и демократијата, да победи Најдоброто за Арачиново.