Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев од Арачиново: Само пари ги интересираа, но сега се осудени и Мијалков и Камчев и другите бандити

Освен што го унапредивме Арачиново за два века, одржавме лекција по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон дека сега ја разбрале вредноста на заедништвото, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Арачиново, додавајќи дека не биле одамна времињата кога тие кадри од, како што вели, криминалната банда на Груевски, го подривале соживотот.

-Само парите и власта ги интересираше, ништо не работеа за нашиот народ, а потоа некои од нив се осудени да одговараат и по дваесет години, како Мијалков, Камчев и други бандити што беа во нашата држава, изјави Заев.

Тој додаде дека Арачиново одржало лекција како Албанците, Македонците и сите останати можат и сакаат да живеат заедно. 

-Покажавме дека заедништвото е најважно. Затоа се инвестираше и во Арачиново и затоа и тука ќе победи „Најдоброто“ и ќе го запечатиме минатото, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК