22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

Не земајте грејпфрут со овие лекови: Последиците можат да бидат фатални

Луѓето кои јадат повеќе витамин К1 и К2 имаат помал ризик од атеросклероза, утврдија научниците од Универзитетот во Западна Австралија во Перт. Имено, зголеменото внесување на витамини К1 и К2 беше поврзано со до 21 отсто помал ризик од атеросклероза. Најдобри извори на витамин К се зелениот лиснат зеленчук, мешунките и овошјето како што се авокадо, киви или грејпфрут. Сепак, грејпфрутот не е добар ако се зема во комбинација со одредени лекови.

Во кои случаи грејпфрутот е опасен?
Малкумина знаат за несаканите ефекти на грејпфрутот. Ова овошје може да предизвика зголемено лачење на желудочна киселина и воспаление на непцата. Исто така, го зголемува нивото на естроген во крвта, па затоа средовечните жени треба да бидат многу внимателни.

Една студија спроведена од американски научници покажа дека жените на средна возраст кои јадат четвртина од грејпфрут секој ден, наводно, имаат 30% поголем ризик да добијат рак на дојка.

Сепак, најнепосакуваниот ефект на грејпфрутот, она што многумина го нарекуваат „кошмар на фармацевтот“ е фактот дека тој, во комбинација со многу лекови, може да предизвика многу лоша реакција во телото.

Последиците од дејството на грејпфрутот во комбинација со одредени лекови вклучуваат внатрешно крварење, промени во срцевиот ритам и оштетување на бубрезите.

Кои лекови не треба да се земаат во комбинација со грејпфрут?
Само една порција од ова овошје може да дејствува како да сте земале повеќе дози од лекот одеднаш. Интеракцијата се јавува и ако сте земале грејпфрут неколку часа пред да го земете лекот, а најзагрозени се постарите луѓе кои користат повеќе лекови.

Лекови кои се лоши во комбинација со грејпфрут се: лекови за намалување на крвниот притисок, антидепресиви, лекови за лекување на рак, срцеви лекови или антибиотици.

Се разбира, за да бидете сигурни кои лекови можете или не мора да ги земате со грејпфрут, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Можеби ќе ве интересира

Болката е НЕИЗДРЖЛИВА, а вие не сакате да пиете ЛЕКОВИ? – Оваа ХРАНА функционира подобро од СЕКОЈА таблета

M T

Овие лекови не треба да се земаат со банани, лиснат зеленчук, сирења и чоколадо

M T

Комбинација на две намирници ги уништува маснотиите и калориите: Ефикасно е само ако се пие во ОВА СПЕЦИФИЧНО ВРЕМЕ

M T

(Видео) За првпат граѓаните имаат достапни лекови во текот на целиот месец

CENTAR MKD