Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Максим Димитриевски обвини за обид да му се изнудат средства

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, обвини за притисоци, закани и уцени за сите оние кои сакаат да го дадат гласот за него и листата „Наше Куманово“.

-Не престанува организираниот напад врз советниците од листата на Наше Куманово.Сега сме сведоци на изнудени аудија каде се прикажува неточна слика за наводен поткуп.Досега одржавме низа прес-конференции на кои со докази информиравме за злоупотребите од страна на еден кандидат за градоначалник во овој изборен процес. Истите ќе ги доставиме до сите релевантни институции ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ, како и на странските амбасади во земјава.

Не сакаме да помислиме дека актуелното Министерство за внатрешни работи,иако имаме индиции, е ставено во функција на еден од кандидатите за градоначалник на Куманово. Затоа, го повикуваме МВР до крај да го истражи случајот со снимката што излезе во јавност, а ние уште денеска ќе поднесеме пријава за обид на изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес што е потврдено и во снимката дека лицето бара средства за да обезбеди гласови.

Бараме по расчистувањето на случајот да се произнесе јавното обвинителство што треба по службена должност да одговори на нашата пријава. Листата за наше Куманово и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски се добро познати на кумановската јавност и граѓаните, и затоа нема да дозволиме начинот на комуникација со граѓаните да го сведеме на обидот на монтирање на нелегални снимки, стои во рекацијата.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК