6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со м-р Стефан Васев, кандидат за советник во општина Аеродром: Со Цанде и Коска го имаме најдобриот тим за сигурна победа во Аеродром

М-р Стефан Васев е роден 26 декември 1993 година во Скопје. Дипломирал родови студии на Филозофски факултет, а магистрирал социологија на истиот факултет, а оваа уписна година планира да запише и докторски студии по социологија. Веќе одреден период е ангажиран како Демонстратор на Филозофски Факултет во Скопје на Институтот за родови студии во предметните дисциплини: Антропологија, Етика, Сексуално и репродуктивно здравје и многу други предмети од родовата проблематика. Учествувал на многу проекти поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост во Република Северна Македонија. Денеска е кандидат за член на Советот во Општина Аеродорм. Со Васев во ова интервју зборуваме за неговата одлука да биде дел од листата за советници во општина Аеродорм.

Господине Васев веќе одреден период јавноста ве препознава по прес-конференциите кои ги одржувате пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, како и од вашата партија, сепак како млад човек со кои мерки како партија би можеле да се пофалите дека ги имате направено токму за младите.

– Како човек кои секојдневно поминувам време со голем број студенти на факултетот каде сум ангажиран како Демонстратор, навистина оваа Влада може да се пофали со голем број проекти кои ги има направено, а во следниот период ќе се реализираат многу повеќе. Ќе ја земам за пример само најновата мерка која е дочекана од студентите со многу позитивни вибрации, а тоа е мерката за субвенциониран студентски оброк. Сите редовни студенти кои се на додипломски студии на унивезитетите во нашата земја имаат право да ја искористат оваа мерка за субвенциониран студентски оброк. Овие студенти ќе добијат по 2.400 денари месечно (9 месеци), односно 21.600 денари годишно за студентски оброк. Секако тука се и зголемувањата на студентските стипендии, а за првпат се планираат да се воведат и стипендии за студенти од трет циклус на студии. Верувајте ми како млад човек кој во овој уписен рок ќе се запишам на докторски студии овој пакет на сите мој колеги од трет циклус студии ќе ни помогне да ја исплатиме школарината за докторските студии, бидјеќи знаат студентите колку чинат магистерски и докторски студии и затоа е неопходна државна поддршка за идните интелектуалци. Не смееме да дозволиме млади луѓе кои имаат квалитети и сакаат да се образуваат да неможат тоа да си го овозможат поради недостаток на финансиски средства.

Во наредниот период како партија ќе се фокусираме на прокети кои главно ќе ги таргетираат младите. На пример, од 1 јануари 2022 година, стартува мерката каде државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек кој ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Ова е мерка која многу ќе придонесе кон тоа да домашните компании вработуваат повеќе млади лица, но навистина долг е списокот на мерки кои би можел да ги набројам кои директно помагаат за младите за моите другари и другарки – моите врсници.

Која беше вашата цел за да бидете дел од листата за советници во општина Аеродорм?

– Јас бев предлог од моите сограѓани од општината за да бидам дел од листата за советник во општина Аеродорм. Навистина со многу чест и одговорност ја прифатив кандидатурата, а со еднствена цел да придонесам кон многу подобар Совет каде навистина треба да се дискутира и да се работи само во интерес на граѓаните и нивните потреби. Истото можам да го тврдам и за моите другари и другарки кои сме заедно на победничката листа за Аеродорм од коалицијата “Најдоброто за мојата општина“, бидејќи голем дел од нив ги познавам подоло време и сме пријатели. Заедно разговарајќи со нив имаме исти заложби и цели, а тоа е општина Аеродорм да стане навистина најубаво место за живеење во градот Скопје, а тоа е  возможно со нашиот кандидат за градоначалник Цанде (Александар Филиповски) кој навистина верувам во неговата програма и ние како советници сме тука да му дадеме поддршка за целосно да ја реализираме програмата со која излегуваме пред граѓаните.

Оваа програма со која излегуваме пред граѓаните е реална и остварлива. Главните приоритети се зелената агенда, инфрастурктурата (општина со целосно асфалтирани улици, велосипедски патеки, осветлување), хумана урбанизација, транспарентна и достапна општина за граѓаните и други приоритети кои ќе се реализираат во наредните четири години. Затоа ги повикувам граѓаните од општина Аеродорм да ја погледнат нашата програма со која излегуваме пред нив.

 

Што е она што како советник ќе се заложите да се направи или ќе го предложите на седниците на советот?

– Навистина нашата програма е сеопфатна. Има прокети кои реално може да се остврат во целост и да придонесеме кон поубава општина. Јас ќе се фокусирам генерално кон политиките кои ги таргетираат младите, образованието и проектите кои се насочени кон местото од каде што јас лично доаѓам, а тоа е Долно Лисиче.

Во однос на проектите за млади, предвидуваме отворање на Младински центар кои ќе биде повеќенаменски каде ќе се организираат разни културни, уметнички и други настани. Со отворањето на ваков Младински центар ќе се оформи и Канцеларијата за млади кое ќе биде место за информирање на младите на територијата на општината и координација со другите институции за политики, сервиси и услуги од областа на младите. Исто така предвидуваме во нашата програма и субвенционирање за купување на дигитални уредни, но и субвенции за еколошки превоз како што се велосипеди и електрични тротинети, овие мерки ќе ги опфаќаат младите до 29 години од нашата општина.

Во делот на прокетите за Долно Лисиче главно ќе се фокусираме кон тоа да изградиме спортска сала во подрачното училиште „Гоце Делчев“, како и негова реконструкција со поставување на кошеви и голови (за играње фудбал и кошарка) во дворот на постојното спортско игралиште во рамките на училиштето, но и целосно осветлување на истото. Понатаму, многу значаен проект за моите сограѓани од Долно Лисиче е изградба на велосипедска патека на потегот на улицата од Долно Лисиче кон Горно Лисиче во должина од 3 км, прокет кој е неопходен да се реализира во овој мандат, но ова се само дел од прокетите кои може во детали да ги видите во нашата програма.

Во однос на образованието во овој мандат предвивуваме да релизираме проекти кои значајно ќе го подобрат образованиот систем на училиштата кои се во надлежност на општината. Како социолог сакам да потенцирам дека ќе се фокусирам кон тоа преку предлози во Советот да  донесеме правилник за постапување на стручните служби на училиштата при работатата во советување на децата што се соочуваат со различни социјални проблеми и ризици како што се социолози, психолози и педагози во училиштата. Исто така општината ќе работи кон поттикнување на креативниот дух на учениците и наставниците преку организирање натпревари од различни области, така учениците и наставниците ќе ги направиме да бидат помотивирани во нивниот образовен и професионален развој. Секако тука се и тековните задачи на советот и градоначалникот, а тоа се обезбедувањето на средства за опремување на кабинетите во училиштата соодветни по предметот кои го слушаат децата, но и целосно спроведување кон воведувањето на дигитални алатки во училниците за поттикнување интерактивната настава.

 

Стефан, која е твојата порака до граѓаните од општина Аеродорм, зошто да гласаат за советничката листа и за вашиот кандидат за градоначалник Филиповски?

– Како млад човек можам да кажам дека нашиот кандидат Алекснадар Филиповски -Цанде многу добро ги знае потребите на нас младите од оваа општина. Искрено верувам во него и во неговиот тим. Можам да ветам дека неговата програма која заедно со граѓаните ја креиравме е реална и целосно остварлива. Нема ниту еден проект кои е додаден во програмата со цел да привлече гласови, туку сите проекти се напишани по долги консултации и анализи дали можеме да ги ветиме пред граѓаните и истите да ги релизираме во наредните 4 години. Јас тврдам дека сите проекти во програмата се остварливи.

Затоа јас ги повикувам моите сограѓаните, да гласаат за бројот 12 за градоначалник на општина Аеородом, за нашиот добро познат лик во Аеродорм Цанде (Александар Филиповски) и за советничата листа предводена од прекрасна личност, афирмиран лекар доктор Александар Трајановски – Коска затоа што имаме најдобра понуда пред граѓаните, затоа што го имаме најдобриот тим, тим кои во недела на 17-ти октомври победува. Но после победата веднаш се фаќаме за работа да ги реализираме проектите за кои бараме поддршка и сигурен сум дека ќе ја добиеме.

Спонзорирано: