Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Снег на планините од четврток, дождовите и студот ќе се интензивираат – Детална прогноза за времето за следните 4 дена

Утре и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа).

Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег.

Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 12.10.2021
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачно, во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК