10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тодоров: Изминативе четири година од страна на Владата предводена од СДСМ во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион

Прес конференција на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Кавадарци, Горан Тодоров:

Во изминативе четири година од страна на Владата предводена од СДСМ во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион.

Изградивме на нов мост во Ваташа, направивме рехабилитација на транзитниот дел на регионалниот пат P1107, направивме рехабилитација на патот од Кавадарци до Росоман, завршена е реконструкцијата на патот од Кавадарци до Дреново, а веќе е започната реконструкцијата и на патот од Неготино до Глишиќ.

Подобрената состојба со патната инфраструктура во Кавадарци потребно е да се оддржува и во наредниот период. Ние и на локално ниво ќе продолжиме да работиме кон подобрување, одржување, санација на сите улици и патишта кои се наоѓаат на територијата на општина Кавадарци во наредните четири години.

Во селата кои спаѓаат на територијата на општина Кавадарци е инвестирано многу малку во секој поглед, а најмалку за подобување на патната инфраструктурата.

Токму поради ова сметаме дека е од исклучителна значајност за жителите, изградбата на нови улици во овие места.

Со изградбата на улиците во околните села, значително ќе се подобрат условите за движењето на жителите во рамките на нивните места на живеење.

Покрај ова посебно важни за земјоделците се полските патишта.

Поради поројни дождови и останати временски неприлики овие полски патишта се слабо проодни за земјоделците.

Овие полски патишта до сега беа заборавени од Oпштина Кавадарци.

Од исклучително големо значењето е да овие полски патишта бидат добро проодни, со цел подобра пристапност на земјоделците до нивните површини за извршување на нивната работа.

За таа цел ќе започниме со тампонирање на овие патишта, но истовремено со сопствена механизација ќе се врши редовно одржување и санација на истите.

Со ова земјоделците и останатите граѓани кои се движат во овие предели, ќе добијат проодни патишта во секој период од годината.

Спонзорирано: