Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Наумоски: Градиме нова градинка кај Ново Село и Стопански двор

Изјава на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски:

Изградба на нова детска градинка во Ново Село е уште еден реален проект предвиден во програмата Најдоброто за мојата општина.

На месноста викана Блага Вода кај Ново Село и Стопански двор градиме градинка кој ќе згрижува 150 деца.

Проектот е веќе прифатен од министерството за труд и социјална политика.

Се предвидува изведба на 10 занимални, кујна, пристапни патеки, современ енергетски ефикасен објект, со еколошки систем на загревање.

Покажавме дека нашите ветување се реализирани проекти .

За само година и половина изградивме комплетно нова градинка во Волково и три занимални во Детелинка за 90 деца. Досега имаме нови капацитети за околу 300 дечиња.

Со овие капитални проекти, Ѓорче Петров за прв пат добива градинки во рурланиот дел.

Посветено работиме секое дете да биде згрижено.

Почитувани,

Ѓорче Петров го има најдоброто за нашата општина а тое е бројот 12.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +