22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на Стратум РиД: СДСМ води со 26,1 процент пред ВМРО ДПМНЕ која има рејтинг од 23,8% од граѓаните

26.1% од граѓаните кои ќе гласаат се определени за СДСМ, а 23.8% за ВМРО-ДПМНЕ покажува најновата накета на Стратум РиД

На прашањата поврзани со рејтинг на политичките партии се потврдуваат податоците од телефонската анкета спроведена на крајот на септември со мали статистички нејзначајни разлики кај сите политички субјекти освен пораст во категоријата дека не знаат за кого ќе гласаат како и во оние кои нема да излезат на избори.

На прашањето Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избор?

Од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат рејтингот на политичките партии е прикажан на графикот:

Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%