Centar.mk
МОЗАИК

Неговата љубовница му го уништи бракот, гатачката му ги зеде парите, а тој бара правда и 25.000 на суд

Американец ја тужи гледачката која тврдела дека за нахнада може да го отстрани урокот врз неговиот брак, кој пак го ставила вештерка ангажирана од бившата љубовница.

Мауро Рестрепо тврди дека гледачката му ветила дека повторно ќе биде среќен ако и плати 5.100 долари за да направи магија. Но, по плаќањето на огромната сума пари, животот на човекот од Лос Анџелес не бил подобар, според судските документи.

Сега ја тужи гледачката за измама и бара отштета од 25.000 долари.

Рестрепо вели дека ја барал Софија Адамс, која се претставува како „стручњак за гледање во областа на љубовта“, за да излезе од несреќниот период.

„Според Адамс, таа лоша среќа му ја донесе вештерка ангажирана од неговата поранешна девојка“, се вели во тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес.

Според тужбата, гледачката Адамс на несреќниот маж му рекла дека ако магијата не се отстрани, несреќата може да ги уништи Рестреп, неговите деца и бракот.

Но, и покрај тоа што гледачката примила 1.000 долари аванс, Адамс „на ниту еден начин не му помогна на бракот“.

Тужбата, која ги вклучува сопругот и ќерката на гледачкатаи, тврди дека Рестрепо претрпел непроспиени ноќи, вознемиреност и неизвесност поради неуспешното отстранување на проклетството.

Можеби ќе ве интересира

„Би-Би-Си“ ги издвои новите хит дестинации за летување во Европа – меѓу нив Албанија и Црна Гора

C +

Италијанките живеат подолго и посреќно: Овие шест навики ја кријат нивната тајна за долговечност

C +

Жена пронашла порака во шише на плажа, па веднаш повикала полиција

C +