13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Нашата советничка листа го носи Најдоброто за Боговиње, посветени сме на рамномерен развој

“Нашите кандидати за советници и носителот на советничката листа, Мемет Ајредини, ве уверувам – го носат Најдоброто во Боговиње”, им порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со жителите на тетовско Боговиње.

“Нашата визија е општина Боговиње да биде развиена општина, да биде општина во која младите ги развиваат своите идеи. Општината Боговиње има огромен потенцијал за развивање на туризам. Преку добро развиена стратегија за туризам, ќе го поддржиме и бизнис секторот и ќе овозможиме развој на нови дејности кои позитивно ќе влијаат врз економијата на општината”, истакна претседателот Заев и додаде дека ќе продолжи поддршката од централната власт со конечна цел да биде изградена нова градинка, со којашто ќе се реши долгогодишниот проблем за згрижување на најмладите.

“Наследивме општини заглавени во долгови, без визија за иден развој, но веднаш започнавме со нивна промена кон добро и работиме на Најдоброто! Ние подадовме рака на општините и за 4 години ги кренавме на нозе и денес тие се подготвени да се натпреваруваат меѓу себе, која поквалитетно и побрзо ќе го донесе Најдоброто за своите граѓани”, рече претседателот Заев и ги набори клучните реализирани проекти во Општина Боговиње.

“Во изминатите четири години во Боговиње развивме модерна локална патна мрежа, ја изградивме спортската сала во ОУ Сабедин Бајрами во Камењане, ја реконструиравме и рехабилитарвме доводна мрежа во Камењане и водоводот во Палчиште, го изградивме Домот на култура, донесовме урбанистички планови за селата: Пирок, Синичане, Горно Седларцеи за Горно Палчиште, Долно Палчиште, за Боговиње и за индустриска зона. Знаете дека силно сме посветени на рамномерниот регионален развој и дека за нас нема делби и поделби по ниту една основа. Така ќе продолжиме да работиме”, заклучи претседателот Заев и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 12 на изборите на 17 октомври.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T