Прес на кандидат од листата на советници на СДСМ во Кавадарци Вуко Мелов:
Во изминативе четири години од страна на Владата предводена од СДСМ во Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион.
Изградивме на нов мост во Ваташа, направивме рехабилитација на патот од Кавадарци до Росоман, завршена е реконструкцијата на патот од Кавадарци до Дреново, а веќе е започната реконструкцијата и на патот од Неготино до Глишиќ.
Исто така, оваа година со средства на Владата, се реконструираа и улиците: Илинденска, Браќа Џунови и Пионерска.
Подобрената состојба со патната инфраструктура во Кавадарци потребно е да се оддржува и во наредниот период. Продолжуваме и понатаму да градиме современа инфраструктура во Кавадарци. Ние и на локално ниво ќе продолжи да работиме кон подобрување, одржување, санација на сите оние улици и патишта кои се наоѓаат во Кавадарци во наредните четири години.
Претходните локални власти, вклучително и актуелната целосно заборавија дека и
селата Дреново, Марена, Ресава, Горна и Долна Бошава, Бохула,
Шивец, Фариш, Чемерско, Бегниште, Бојанчиште, Рожден, Мајден, Крњево спаѓаат
на територијата на општина Кавадарци.
Во годините наназад, во овие места е инвестирано многу малку во секој поглед, а најмалку за подобување на патната инфраструктурата во овие села.
Токму поради ова сметаме дека е од исклучителна значајност за жителите, изградбата и реконструкција на улиците и во овие места.
Со изградбата на улиците во околните села, значително ќе се подобрат условите за
движењето на жителите во рамките на нивните места на живеење.
https://www.facebook.com/oosdsmkavadarci/videos/2705762066390954