16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

До вторник уживајте во сонцето, од среда значителна промена – Следи дожд и заладување

Денес се очекува наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.

Прогноза за 05.10.2021
Минимална температура: 1°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Сончево со мала, а на југоистокот со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 06.10.2021
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Променливо облачно. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 07.10.2021
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +