8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николовски од Илинден: Со СДСМ сме држава и сме на чисто, а со ВМРО-ДПМНЕ сме неизвесност и не знаеме на што сме

СДСМ се менува и затоа победува и има најголем коалициски капацитет, порача генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски од предизборниот митинг во општина Илинден. Тој вели дека од заробена држава пред четири години сега сме светол пример во целиот регион, најбезбедна држава во Западен Балкан, најтранспарентна Влада во целиот регион според меѓународните извештаи, а успеавме и станавме 30-та земја-членка на НАТО.

-Не само што ја остваривме оваа стратешка цел после 30 години,туку  после 20 години успеавме и попис да реализираме што не беше возможно со ВМРО-ДПМНЕ. Со нас сте на чисто, со СДСМ сме држава, со ВМРО-ДПМНЕ сме неизвесност. Со Мицкоски не знаеме што не чека, кажа Николовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ станала анти-ЕУ и анти-НАТО партија и биле против се што значи поддршка на граѓаните и фирмите. 

-Ќе испратиме седма по ред порака до ВМРО-ДПМНЕ, седми пораз на деструктивната политика на омраза и страв. Денес имаме слобода, демократија, членка сме на НАТО и сме безбедна земја, заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.