16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Илинден: Работевме на враќање на довербата во институциите, општините реализираа над 7 илјади проекти

„Во изминатите 4 години работевме напорно, посветено и отчетно. Ја поставивме државата на прав пат, а резултатите се видливи во сите сектори. Општините реализираа над 7 илјади проекти и забрзано се развиваат со поддршка од централната власт“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во општина Илинден.

„Пред се ја враќавме довербата во институциите, а сите работи ги направивме затоа што одлучивме да им служиме на граѓаните. Нашите политики се за грааѓните, за зголемување на стандардот, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, град и населено место“ кажа Спасовски и додаде дека токму на ова се мисли кога се вели најдоброто за секоја општина.

Тој додаде дека од буџетот на државата обезбедни беа средства за раздолжување на општните како и 500 милиони евра за проекти на локално ниво. Како што кажа Спасовски, преку Светска банка и Европската инвестициона банка обезбедени се и дополнителни средства за изградба и реконструкција на патишта, канализации и водоводи.

„Со програмата ТАВ пренасочивме 34 милиони евра за преку 90 проекти во сите општини. Еден таков проект финансиравме и во општина Илинден. Благодарение на тоа што го направи Владата на СДСМ и ТАВ програмата и населбата Илинден ќе добие инфраструктура“ кажа Спасовски.

Спонзорирано: