Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски повторно ги промаши изборите, на локални избори ветува парламентарни мнозинства

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинзите на неговата партија во пресрет на локалните избори повторно зборува за некакви нови парламентарни мнозинства, кои ги ветува веќе неколку годинини наназад.

Заборавајќи дека станува збор за локални избори на кои се бираат градоначалници и советници за општините во земјава, Мицкоски со украдени пораки се однесува како да води кампања на парламентарни избори.

„Ова не се обични избори, ова се избори на кои што вие одлучувате по каква патека во иднина ќе се движи вашата татковина Македонија“ рече Мицкоски на синоќешниот митинг, користејќи ја пораката која што премиерот Заев ја упати на нивниот последен дуел до гласачите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, збунет за тоа што се резултатите од локалните избори, синоќа најави дека по евентуалната нивна победа на 17 октомври ќе следела нова Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

15 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата привела 11 лица низ Македонија

ДЕСК