5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе понуди ли нешто Мицкоски на граѓаните или секој ден ќе зборува за девојките на Заев од младоста и ќе кажува вицови

Наместо да понуди реални проекти коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе им ги понуди на граѓаните на претстојните локални избори , главна тема во говорите на претседателот на партијата Христијан Мицкоски се нападите кон политичките противници. А дека неговата безидејност ги надмина очекуваните граници, потврдува фактот дека на митнзите започна да зборува и за љубовниот живот во младоста на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

-Јас нема да го започнам мојот говор и да ве убедувам дека мојата прва љубов сум ја сретнал овде во Демир Капија, тоа ќе биде некој друг човек, за кратко ќе дојде тој овде пред вас, кажа Мицкоски, додавајќи, со вулгарен речник и навреди, дека покрај Зоран Заев постоеле и „мали зоранчиња“ и како таков го посочи градоначалникот на градот.

Тој, како и неколку пати порано, на прашањата од медиумите од каде ја добива инспирацијата за површниот хумор тој одговара дека Заев е најголемиот ,,виновник” поради тоа. Вели дека во зависност од инспирацијата која му ја дава Заев, ќе зависи дали и во иднина, на наредените митинзи присутните ќе слушаат вицови.

Во време кога земјава закрепнува од пандемија и кога се потребни конструктивни предлози за подобра иднина, кога е повеќе од важно општините да одат напред, тој се занимава со љубовниот живот во младоста на премиерот Заев. Иако кампањата само што започна, очигледно е дека деновиве ќе се изнаслушаме вицови и љубовни авантури, наместо проекти кои реално ќе направат подобар живот за граѓаните.

Мицкоски не испушта прилика да зборува и за  наводниот криминал и корупцијата, при тоа игнорирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која важи за најкорумпираната во Европа, за чии поранешни функционери се водат судски процеси или пак се во затвор. Исто како што заборава да се дистанцира од осуденикот, неговиот ментор, Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T