14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата и општините изградија и реновираат над 1 000км патишта, некои не беа чепнати 50 години

Инвестициите во инфраструктурата се клучни за развојот на секоја држава, а тоа е нешто што централната Влада предводена од СДСМ заедно со локалните самоуправи го стави како приоритет со самото преземање на власта.

Модерните патишта и сообраќајници во градовите, меѓутоа и тие кои ги поврзуваат градовите се предуслов за развој на економијата, а само во последните четири години, Владата реконструираше и изгради над 1000 километри патишта низ целата земја. Владата и општините во изминативе четири години градат и реновираат патни правци кои беа заборавени во изминативе 50 години.

Како што истакна потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на синоќешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово, горд е што Владата им помогна на општините, особено на Куманово да ги реши ваквите децениски проблеми.

„Сите регионални патишта околу Куманово се готови или при крај, а 50 години не беа чепнати. Тоа се вкупно 120 милиони евра финансиски средства од државниот буџет“ кажа Спасовски.

Премиерот Зоран Заев, пак, обраќајќи се до струмичани на трибината „Најдоброто за нашата општина“ потенцираше дека Струмица е веќе европски град кој е одлично поврзан со останатите краишта од земјава.

„Ние сработивме и добро и секој ден постигнуваме сѐ подобро. Конкретно овде во Струмица, реализирани се: магистралниот пат Струмица – Ново Село, магистралниот пат Радовиш – Струмица, во тек е рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица – Берово“ кажа Заев и додаде со изградбата на останатите патишта низ републиката, значително е намалено времето кое е потребно за да се стигне од Струмица до главниот град.

За инвестициите патната инфраструктура низ источниот дел од Северна Македонија, говореше и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во Штип, кој кажа дека конечно Истокот добива нови експерсни патишта.

„После 40 години се градат експресни патишта низ целиот Исток, низ целата трета изборна единица. Нема регионален пат којшто не е реконструиран и нема нов асфалт после 40 години во целиот регион. Инвестиравме во локални патишта“ кажа Николовски.

Иако Владата и општините напорно работат со изградба и реновирање на патиштата низ целата земја, сепак има уште многу да се направи, со цел да се поправат неправдите и неработењето од минатото.

Наспроти овие илјада километри реконструирани и изградени патишта во само четири години, стојат само 650 километри пат во претходните 11 под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа и во програмите на Владата, но и на општините за наредниот период инвестициите во инфраструктурата остануваат приоритетни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T