23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Наумоски: За четири години реализиравме над 200 проекти или 80 отсто од програмата

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, на денешниот отчет за сработеното посочи дека покрај капиталните проекти, реализирани се и 200 други проекти или 80 отсто од целата програма.

„Градиме училиште во Хром со што ставаме крај на еден децниски проблем во оваа населба. Ja доградивме градинката Детелинка во Мирче Ацев со што го зголемуваме капацитетот за опфат на деца.

Изградивме и реконструиравме над 110 улици, поставвиме водоводи и канализациски системи. Изградивме и реконструиравме детски игралишта. Го проширивме патот кон Кучково, а во соработка со Град Скопје поставивме семафор на крстосницата пред училиштето Мирче Ацев се зголеми безбедноста на децата, беа реконструирани улиците Ѓорче Петров, 4 јули, во моментов се реконструира Лука Геров. Донесовме Урбанистички планови за Хром, Јурија и Веле Поле, следува носење на план за Дексион. Го спасивме Хром. Претходно секоја куќа беше потенцијална зграда, преку урбан развој на горниот дел, Хром повеќе нема да се менува, истакна Наумоски додавајќи дека четири години се вложувало подеднакво со цел да се намали јазот меѓу урбаниот и руралниот дел од општината.

„Конечно го решивме проблемот со вода во Никиштани, во Волково, Ново Село и Кисела Јабука асфалтиравме или поплочивме над 50 улици. Орман добива канализација“ заклучи Наумоски.