Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Наумоски: Седум капитални проекти се реализираа во Ѓорче Петров

Во 2017 ветивме седум капитални проекти, денес, сите седум се или реализирани или во фаза на реализација, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на денешниот настан на кој даде отчет за сработеното во неговиот мандат.

Наумоски истакна дека за првпат во Волково се гради градинка, дека е изградена нова училишна спортска сала во ОУ Јоаким Крчовски, дека Ѓорче Петров добива затворен базен, прва скопска општина која воведе ново економично смарт ЛЕД осветлување и нов јавен простор Корзо, а на местото на дотраената барака на амбулантата во Дексион се поставува нов објект.

„ Посветено за Ѓорче не е само обичен слоган, тоа е суштината на нашето дејствување во овие четири години.“ порача Наумоски.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК