Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Не се откажувам лесно од луѓето кои добро им служат на граѓаните

Не тактизирам со оставките, на време соопштив дека треба да видиме што ќе покаже вештачењето, нагласи премиерот Зоран Заев во гостувањето на 24 телевизија. Тој дополни дека ќе го почека и германскиот извештај и штом се соопштат причините ќе изгради став за високиот морален чин на функционерите што поднеле оставки.

-Народот треба да знае се. Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и Хасани, тие добро се справуваат со пандемијата. Бројките се се уште високи и со ситуацијата треба да се раководи, не може некој сега да се учи допрва за тоа, изјави Заев.

Тој кажа дека треба да се утврди дали има пропусти или пак невнимание што довело до трагедијата во Тетово.

-Не се откажувам лесно од луѓето кои им служат добро на граѓаните, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК