Прес-конференција на СДСМ, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ:
Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.
Со денови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика ги кочат измените на Законот за работни односи за недела неработен ден.
Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени?
Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Од каде толку злоба кај ВМРО-ДПМНЕ кон овие работници кои чесно си ја заработуваат платата?
Не е ова ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.
ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравственииот персонал, против припадниците на Армијата.
Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им е важен никој, не им е важно ништо освен нивните лични и партиски интереси.
Со вакво неодговорно, деструктивно однесување на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја чека нов пораз од граѓаните.
Граѓаните на претстојните избори ќе ги казнат ваквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници овде во Собранието.