Неверството во љубовната врска за некои е предавство што не можат да го простат, но има и такви кои ќе го прифатат извинувањето на партнерот и ќе продолжат понатаму. Дали ќе се прости прељубата, може да зависи и од тоа на кој хороскопски знак припаѓа измамената личност.
Овие пет знаци најлесно простуваат неверството – барем така велат ѕвездите.
Близнаци
Овој променлив знак ќе го прости неверството, но никогаш нема да знаете зошто или кога го направил тоа. Близнакот е толку непредвидлив што може веднаш да прости, но сепак ќе сака да зборува за целата ситуација со денови. Понекогаш има и свои мотиви за простување.
Рак
Исклучително чувствителниот воден знак е толку сочувствителен што веднаш ќе го прости неверството ако другата страна покаже колку се кае за се што се случило.
Вага
Вагите не сакаат конфликти и кавги, па затоа за да го задржат мирот, никому не замеруваат. Затоа и го простуваат неверството. Што и треба на Вагата за да го направи тоа? Причината зошто настанало истото. Кога ќе дознае, брзо ќе продолжи со својот живот.
Водолија
Овој мирен и слободоумен знак мисли дека единствената исправна работа е да се прости. Водолиите можеби нема да простат веднаш, но процесот на простување може да се забрза ако добијат јасно и логично објаснување зошто се случила прељубата.
Риба
За разлика од тврдоглавиот бик, кој ќе се буни поради предавството до крајот на животот, благите риби не сакаат да носат непотребен товар на својата душа. Рибите сигурно ќе простат, но им треба простор и време за да размислат за се и да се помират со ситуацијата.