Centar.mk
вестИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Градоначалникот на Ѓорче Петров со нула денари трошоци за гориво во 2021

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во првите осум месеци од оваа 2021 година, нема потрошено ниту еден денар за гориво за службениот автомобил.

Наумоски, за оваа намена, минатата година потрошил скромни 639 евра, а во 2019 година тие трошоци изнесувале речиси 2.000 евра.

Сето тоа е многу помалку во однос на неговиот претходник Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во 2013 потрошил близу 5.800 евра, а наредната безмалку 5.300 евра.

Дополнителен интересен факт е тоа што ако се земе досегашниот мандат на Наумоски, тој за целиот период вкупно има потрошено помалку отколку Митровски за само една година.

За периодот додека е градоначалник (ноември 2017 – август 2021) Наумоски потрошил вкупно 5.380 евра, додека Митровски само во 2013 година потрошил 5786 евра за гориво за службен автомобил.

Можеби ќе ве интересира

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК