16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре сончево време со температура до 36 степени

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Ќе преовладува стабилно и топло време. Од петок ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.

В сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

Спонзорирано: