2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја

Премиерот Зоран Заев објави видео и статус на фејсбук кој го пренесуваме во целост:

Стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја.

Пред 30 години, на 8 септември, идеалот, кој за многу генерации беше само мечта, после 46 години државност во рамките на сојузот на поранешните југословенски држави, стана реалност.

Народот на тогашна Република Македонија донесе историска одлука на референдум, и со масовна излезност рече – Да за независност и ДА за суверенитет.
Тоа беше уште едно храбро и одлучно соочување со историјата и со околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт.
Но, и во еден таков период, дојде до израз силната верба во перспективата за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.
Народот го сочува мирот во земјата и ја прогласи за самостојна својата држава.

Токму нам, на сегашните генерации ни припадна историската чест, но особено одговорноста, да ја освоиме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава.

Како држава која е создадена со праведна борба, како држава која достоинствено и без насилство ја освои и својата независност, нашата земја се стекна со посебен углед во светот и се стекна со доверба за да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западно-европскиот демократски цивилизациски круг.
Денес, Северна Македонија има сосема извесна европска иднина, јасна идеја и јасен пат кои водат до подобар живот на сите нејзини граѓани.

Северна Македонија е граѓанска држава и слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите.

Едно, единствено и еднакво.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +