Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Средба на министерот Спасовски со директорката на Царинската управа Славица Кутиров

Средба на министерот Спасовски со директорката на Царинската управа Славица Кутиров

Денеска во министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со директорката Славица Кутиров и претставници од Царинската управа.

Директорката Кутиров на Царинската управа го информираше министерот Спасовски за успешното функционирање на интероперабилноста, односно размената на информации и податоци помеѓу двете институции кое е од суштинско значење, особено на граничните премини.

На средбата се разговараше и за условите при увоз на возила од странство, каде законската повластица за 50% царински давачки е завршена на 21.06.2021, а секое возило кое претходно е увезено и за кое е платена царина, доколку не е регистрирано во тој рок треба да се поднесе барање за доплата на царинските давачки за да може да се регистрира возилото.

На состанокот беше потенцирана потребата за измени кои треба да се направат во Законот за Царинска управа, со цел ефикасно работење на новиот Сектор за посебни истражни мерки, при што побараа поддршка од МВР при имплементација на новините и воопшто во целокупното работење на овој сектор што ќе биде тесно поврзан со работењето на МВР.

Министерот Спасовски побара од Царинската управа да се зголеми бројот на царински службеници на граничните премини особено кога има поголема фреквенција, како и интензивирање на соработката меѓу полициските и царинските службеници за подобра координација и споделување на информации, а со тоа и уште поуспешно сузбивање на корупцијата и криминалот преку заеднички акции. Спасовски ја потенцираше и потребата за обнова и реновирање на граничните премини и на царинските гранични објекти, со цел создавање подобри услови за работа, а со тоа и осовременување на македонските гранични премини, а меѓудругото се разговараше и за зајакнување на фукнционирањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце.

Министерот Спасовски истакна дека и во наредниот период е потребно да се интензивира инвестирањето во материјално–техничките услови, бидејќи само со мотивирани службеници може уште повеќе да се подобри фукнционирањето на Граничните премини и борбата со криминалот и корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот, го скративме времето за патување кон Пелагонија

ДЕСК