Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Влада: Пожарот во Ковид-центарот во Тетово е изгаснат, лекарите се борат за живот плус, во тек е детална истрага

Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +