Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Граѓаните кои ќе се регистрираат на оваа страница ќе може да присуствуваат на утрешната церемонија по повод 30 години од независноста

Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на централната манифестација по повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи на 8 септември 2021 година (среда) во 17 часот пред Собранието на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.

Сценариото за настанот може да го најдете  ТУКА.

Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување, велат од Владата.

Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот.

За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места.

Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила.

Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16:30 часот, соопшти Владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК