Centar.mk
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Повеќе улици во Центар утре ќе бидат затворени за сообраќај

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во центарот на Скопје утре, вторник, почнувајќи од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улица 11 Октомври и ул. Димитрие Чупоски во правец на движење од ул. Васил Главинов до ул.Филип Втори Македонски, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

Од 23 часот на 7.9.2021 до 11 часот на 8.9.2021 дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11 Октомври и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13 Ноември до ул.11и Октомври и ул.11 Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК