4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерката Шахпаска со Дервишагич од Советот на Европа: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница, како и на подобрување на квалитетот на живеењето

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска имаше средба со оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич, со која разговараше за процесот на реализација на втората фаза на Програмата РОМАКТЕД.

Програмата РОМАКТЕД, која треба да обезбеди поголема интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики, почна да се реализира на почетокот на годинава, а ќе трае до крајот на 2024 година.

„Иако Република Северна Македонија, во рамките на регионот, важи за држава која има направено најголем исчекор во спроведување на успешни политики за поголема интеграција на Ромите, во делот на интеграцијата, вработувањето, социјалното домување, предучилишното образование, сепак има уште многу да се работи. Затоа, оваа поддршка што ја добиваме преку нашите партнери Советот на Европа и Европската Унија за нас е многу значајна. Интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики е наша основна цел“, нагласи министерката Шахпаска.

Таа додаде дека зајакнувањето на ромската заедница на индивидуално ниво, како и на ниво на заедница, подобрување на капацитетите и на знаењето, како и подобрување на квалитетот на живеењето и ублажување на ефектите од пандемијата со КОВИД-19, се процеси кои се од суштинско значење, доколку сакаме реален напредок на ова поле.

Оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Лејла Дервишагич оцени дека Република Северна Македонија во изминатиот период покажала силна посветеност во реализација на проекти кои значат директна поддршка за ромското население.

„Многу е важно да има блиска соработка меѓу градоначалниците и локалната администрација на општините каде ќе се спроведува овој проект. Бидејќи имаме општини кои покажале силна посветеност и на тој начин постигнале поголема интеграција на ромското население, тие општини треба да бидат пример за другите локални единици“, оцени Дервишагич.

Програмата, која е поддржана од нашите меѓународни партнери Совет на Европа и европската Унија, ќе се имплементира во Општините Берово, Битола, Делчево, Дебар, Гостивар, Кичево, Крива Паланка, Кочани, Штип, Шуто Оризари, Виница, Велес, Струмица, Тетово и Прилеп.

Во таа насока, министерката Шахпаска, изрази уверување дека градоначалниците и локалната администрација ќе покажат силна посветеност во реализацијата на Програмата РОМАКТЕД, која се очекува да даде позитивни резултати за ромското население.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T