23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Со активна транспарентност да го елиминираме влијанието на дезинформациите

„Треба да создадеме услови за промена на играта. Владите, граѓанските и меѓународните организации кои се обединети во заедничката борба против дезинформациите, наместо да живеат во страв, треба да бидат проактивни во промоцијата на демократските вредности и со активна транспарентност да ги елиминираат влијанијата на дезинформациите“ кажа Националниот координатор за стратешки комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец на панелот на тема „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“, во рамки на Бледскиот стратегиски форум кој оваа година беше посветен на „Иднината на Европа“.

Тој додаде дека кога граѓаните ќе ги имаат на увид сите факти, на креаторите на дезинформации ќе им биде многу потешко да манипулираат. Затоа повика тие информациите најтранспарентно да се обезбедат, продуцираат, публикуваат и промовираат.

Забрчанец на форумот информираше дека нашата земја беше изложена на дезинформации кои во одредени периоди добија силен интензитет. Случаите со уставните промени и референдумот, Договорот од Преспа, изборните периоди, тој ги издвои како моменти кога дезинформациите и лажните вести беа најзастапени во земјава.

„Ширењето на дезинформации е постојано нагласено и во однос на мигрантските кризи, особено во последниот период во однос на кризата во Авганистан и со бегалците од оваа земја како хуманитарната криза“ кажа Забрчанец.

Тој, исто така, истакна дека лажните вести и дезинформациите беа и се уште се кативни кога е во прашање пандемијата со КОВИД-19 и особено во моментов, кога се спроведува масовната вакцинација, која се опстурира со дезинформации.