Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајден кокаин, приведени три лица во Гостивар

На 02.09.2021 околу 22.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“.

Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе со кокаин, кое било пронајдено. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК