Centar.mk
ЛОКАЛНОМАКЕДОНИЈА

НУРЕДИНИ: Од денес започнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане

Во рамки на проектот за изградба на канализациони мрежа во општина Боговиње, денес Министерот Насер Нуредини го означи официјалниот почеток на градежните работи во село Камењане.

За реализација на овој проект во двата населени места во општина Боговиње, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се обезбедени околу 266 милиони денари, од кои изградбата во село Камењане опфаќа вредснот од околу 123 милиони денари. Канализационата мрежа во ова населено место ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км.

Во оваа прилика, Министерот Нуредини ги најави подготвителните активности на МЖСПП за обезбедување на заем од 50 милиони Евра од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) за реализација на втората фаза на проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, преку кој ќе се зајакнува комуналната инфраструктура и ќе се подобруваат условите за живот во сите општини во државата. Овие средства ќе овозможуваат економски развој на руралните подрачја преку инвестиции во системите за водоснабдување и системите за третман на отпадните води.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК