Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: СДСМ ја намали невработеноста на младите на 29 отсто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше на 42 отсто

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите чаре бараа во странство и масовно се иселуваа во потрага по подобар живот.

СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.

Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Северна Македонија

ДЕСК

ШИЛЕГОВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО ВРВОТ НА СДСМ: Секој што крена глас беше прогласен за платеник, купен или уценет!

ДЕСК

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

ДЕСК