Centar.mk
КУЛТУРАМАКЕДОНИЈА

Два концерти во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Албанија

Во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, Република Албанија, во текот на септeмври ќе бидат реализирани две музички претставувања.

На 7 септември, во Тирана ќе се претстави македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“ предводено од виолинистката Ирена Стојановска, која е професионален музичар во оркестарот при Националната опера и балет. Настапот ќе биде од отворен карактер, а триото ќе изведе репертоар од класична и танго музика. Концертот е хуманитарен, а донациите ќе бидат подарени на Центарот за деца со Даунов синдром во Тирана.

На 18 септември во Поградец, предвиден е концерт на македонскиот џез-квартет „Чупа“ (Chupa). Концертот е во рамките на 10-то јубилејно издание на реномираниот Тирана џез-фестивал, кој од 10 септември до 10 октомври ќе се реализира во неколку градови во Албанија. Во џез квартетот „Чупа“ членуваат еминентите македонски џез- музичари: Оливер Јосифовски на контрабас, Славчо Коцев на тапани, Кирил Кузмановски на саксофон и флејта и Филип Димишковски на клавијатури.

Директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански информира за засилени активности во следниот период, како и за подготовка на изложба за Мајка Тереза.

Можеби ќе ве интересира

КАЗНАТА НЕ Е САМО ГЛОБА: Следуваат кривични пријави за повеќе лица за безобѕирно управување со моторно возило – едни возеле пијани, други бегале затоа што немале положено

ДЕСК

ИНСТИТУЦИЈА СО НОВ ОБРАЗ: Мицкоски порача дека ИЈЗ повеќе не е симбол на долгови, туку на инвестиции

ДЕСК

Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина

ДЕСК