3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царовска: Образованието е најважната инвестиција во животот – на учениците, наставниците и на родителите им посакувам успешна реформска учебна година

Новата учебна 2021-2022 година започнува на 1 септември со отворени училишта за сите ученици. Образовниот систем е целосно подготвен за тоа. Изминатиот период интензивно се подготвувавме, ги следевме препораките на надлежните здравствени институции, но и на светските организации како СЗО и УНИЦЕФ, изработивме протоколи за работа и ги преземавме сите други безбедносни мерки од здравствен аспект за да можат училиштата повторно да работат со физичко присуство на ученици и наставници. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во видео обраќање до учениците, наставниците и родителите по повод започнувањето на новата учебна година.

„На сите ученици им посакувам успешен почеток, многу нови знаења, достигнувања и успешно заокружување на уште една етапа од животниот пат. Имајте верба во себе, не се откажувајте од зацртаните цели и запомнете дека образованието е најважната ваша инвестиција во животот. Имате поддршка од наставниците и најважно, од вашите семејства и блиските. Честитки и голема благодарност до сите родители и старатели за посветеноста и придонесот за успешна реализација на наставата во услови на пандемија. Верувам дека со враќањето на физичката настава во училиштата ќе биде полесно за сите“, вели Царовска.

Успешна работа министерката им посакува и на раководствата, наставниците, стручните служби и сите други вработени во училиштата.

„Наставниот кадар е најважната алка во воспитно – образовниот процес. Од вас најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат. Измина една година од мојот мандат. Заедно изработивме многу, но и уште повеќе останува да се сработи. Вие сте носители на промените кои заедно ги создадовме и од кои очекувањата се високи. Верувам дека ќе дадете максимум за да ги постигнеме зацртаните цели. Влогот и досегашниот труд се големи, а интересот е заеднички“, вели Царовска.

Министерката потенцираше дека МОН е секогаш тука за сите коишто имаат потреба од поддршка, но и потсети на одговорно однесување во секоја прилика за време на овие вонредни услови за образованието и почитување на мерките и протоколите.

„Не заборавајте да бидете одговорни во секоја прилика за време на овие вонредни услови за едукација, заштитете го личното здравје и придонесете за безбедноста на другите околу вас“, вели Царовска.

Министерката упати благодарност и до сите кои дадоа свој придонес за организација на новата учебна година. Соработката со локалните самоуправи, со граѓанскиот сектор, со меѓународните организации и бројни други страни, очекувам да продолжи и да се интензивира, особено сега кога започнавме транзиција на националниот образовен систем заради негова интеграција во развиениот образовен свет.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот

M T

Нова најголема инвестиција од 126 милиони евра на „Гересхајмер“ од основањето на ТИРЗ

M T

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

M T

Продолжуваат преговорите за платите во образованието

M T

СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, СДСМ продолжува со покачување на платите

M T