5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
https://www.youtube.com/watch?v=XjRvmH2uz9w
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богданка Кузеска: Коалицијата предводена од СДСМ расте, следува нова победа за да продолжи развојот на општините

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

СДСМ утврди 69 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Кандидатите се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини, дел од нив ќе ја имаат честа да се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување.

Ова е најдобрата понуда што СДСМ ја нуди за секоја од овие 69 општини каде ќе настапиме со свој кандидат за градоначалник.

Во останатите општини ќе поддржиме кандидат на нашите опозициски партии, но ќе имаме свои советнички листи во сите 80 општини и Град Скопје што нè прави единствена партија која ќе излезе со своја понуда во сите општини.

Со најдобрата кадровска и програмска понуда, СДСМ е фаворит и извесен победник на локалните избори.

Потврда за тоа се бројните релевантни анкети, но и интересот на политички партии кои се приклучуваат кон најголемата и најразнолика коалиција предводена од СДСМ.

Вчера, на Коалицијата предводена од СДСМ се приклучи Странката за демократска акција на Македонија (СДА), предводена од Џелал Хоџиќ, која врз основа на сработеното за бошњачката заедница во изминатите четири години, без дилема донесе одлука да се приклучи во најголемата коалиција.

Коалицијата предводена од СДСМ расте, што е доказ за успешните, одговорни и инклузивни политики што ги спроведуваме, со цел уште подобро да им служиме на граѓаните и државата.

СДСМ и коалицијата одат по нова победа, победа за да продолжи напредокот на општините, да продолжат локалниот и регионален развој, да продолжи унапредувањето на квалитетот на живот во секое населено место.

И во следните четири години, СДСМ ќе продолжи да го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T