Ако треба да им се верува на експертите, овој метод е погрешен.
Домашното, турско кафе, како што се вика, е пијалок што традиционално се подготвува во секое домаќинство, обично се пие наутро и често се смета за мерка за вештината на оној што го подготвува.
Но, како се подготвува домашно кафе? Вообичаената постапка е да се стави вода во ѓезве, да се додаде шеќер по потреба и да се загрее додека не зоврие.
Потоа се трга од оган, се истура мала количина вода (за да се направи простор во ѓезвето за да не истече) и се додава мелено кафе – една поголема лажичка кафе оди на 1 шолја вода. Ѓезвето се враќа на ринглата додека мешавината да зоврие, а потоа се истура остатокот од водата.
Друга варијанта е дека водата не се истура – ако ѓезвето е поголемо, течноста нема да се истури кога ќе зоврие, па така кафето веднаш се става во водата.
Ако треба да им се верува на експертите, овој метод е погрешен. Како што велат, еден мал детал во подготовката, поточно една „грешка“ го менува вкусот.
– Кога ќе го ставите кафето во вода, не смеете да дозволите да врие на огнот. Ако врие, пијалокот ќе има горчлив вкус – објасни основачот на компанијата „Roaster Coffee“.