12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕЉУБОВ И СЕКС

Колку почесто водите љубов, толку сте попаметни – Еве зошто вашиот мозок ви е благодарен

Редовните интимни односи, покрај тоа што придонесуваат за блискост на партнерот, го подобруваат физичкото и менталното здравје. Водењето љубов го активира целиот наш мозок, го зголемува лачењето на многу супстанции кои поттикнуваат добро расположение, го намалуваат стресот и релаксираат, но дали знаевте дека “жешката акција” не прави попаметни?

Го изострува умот
Всушност, постојат неколку начини на кои водењето љубов не прави попаметни. Прво, водењето љубов го активира целиот наш мозок. Кога правиме „вежби“ за извртување на мозокот, како решавање крстозбори, судоку или играње шах, активни се само одредени области од нашиот мозок. Но, водењето љубов ја „осветлува“ целата наша сива мозочна маса, што го прави многу поефикасен начин за одржување на когнитивното здравје. Покрај тоа, интимните односи ги подобруваат нашите аналитички способности. Кога сме интимно активни, нашиот мозок е фокусиран на сегашниот момент. Овој тип на фокус всушност го изострува конкретното размислување, вербалната и визуелната перцепција, визуелно-просторната ориентација, па дури и јазичните вештини.

Ја подобрува меморијата
Се покажа дека интимниот однос го стимулира растот на нови мозочни клетки, првенствено во хипокампусот. Овој дел од мозокот е од витално значење за запомнување и складирање информации. Кога се тестираат, сексуално активните луѓе подобро ги паметат зборовите и имаат подобри резултати во визуелното и вербалното препознавање. Истражувањата покажаа дека паровите кои имаат здрав интимен живот со текот на годините, исто така, покажуваат побавен пад на меморијата.

Го подобрува расположението
Најпознатата реакција на мозокот на водењето љубов е начинот на кој прави да се чувствуваме добро. Ова се должи на ослободување на моќни супстанции како што се допамин, окситоцин, вазопресин, серотонин и норепинефрин. Овие хемикалии имаат силен ефект врз нашето тело и ни помагаат да се поврземе со партнерот, но и да го подигнат расположението.

Често кога нашиот мозок ослободува окситоцин, добиваме и поголема количина на мелатонин, неврохемикалија која работи со намалување на нивото на кортизол, со што се намалува стресот и вознемиреноста. Покрај тоа, интимниот однос го намалува нашиот крвен притисок со зголемување на протокот на крв низ нашето тело. Ова помага не само за здравјето на срцето, туку и за подобро снабдување на нашиот мозок со кислород што доаѓа преку крвта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

МОТИВИРААТ И УСРЕЌУВААТ – Комплиментите го активираат истиот дел од мозокот како и кога добивате пари

M T

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

M T

ПИЈАН И ИЗЈАВИ ЉУБОВ – Беше кум на свадбата, па ја украде невестата

M T

Љубов до крајот на животот: Тие се најсилниот хороскопски пар

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T