Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во пожарите изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, соопшти Владата по денешната седница на којашто бешеб разгледан Извештајот за штетите од пожарите.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

Дополнително, целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК