10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

Полициски службеници првпат на претстојните локални избори ќе го озбедуваат доверливиот материјал, вклучувајќи ги и апаратите за вчитување на отпечатоците од прсти на гласачите. Ова е дел од Правилникот за начинот на постапување на полицијата на изборите што го усвои Државната изборна комисија (ДИК), а е изготвен во соработка со МВР.

Членот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека полицијата до Избирачките одбори ќе го обезбедува транспортот на гласачките ливчиња и избирачкиот список, а за првпат со измените на законот, и техничката опрема за гласање за идентификација преку отпечаток од прст.

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) усвоено е и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти. Барањето и медицинските документи тие треба да ги достават до подрачните единици и канцеларии на ДИК или преку полномошник и по електронски пат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

M T

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата

M T

Полицијата во Мексико цел ден собирала мртви тела, наоѓајќи само глави или нозе на жени

M T

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога вредна околу 300.000 евра

M T

Континуираното вложување во полицијата дава резултати – нови 8550 пара високи специјални чизми за потребите на ЕБР и за останатите припадници на полицијата

M T

Полицијата објави снимка од сетот на кој Болдвин ја застрела снимателката

M T