14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев: Есента не очекува масовно пошумување

Системот функционира и со годините е се подобар, премиерот Зоран Заев, во интервју на Сител телевизија прашан во врска со справувањето со пожарите. Тој нагласи дека е важно што немаме жртви.

-Во Грција за жал има жртви и големи последици, исто и во Австралија. Сепак, ние имаме Отворен механизам на ЕУ и обврски од „Отворен Балкан“ и затоа можевме да користиме странски капацитети, исто како што и нашите се на готовс доколку други имаат потреба, вели Заев.

Тој додаде дека први на линијата биле нашите пожарникари, ЦУК, Национални шуми, општините, но и локалното население и потврди дека државата учи од слабостите.

-Ги чекаме извештаите од штетите, некои го изгубија кровот над главата. Општинските комисии за проценка се на терен, имаме сто милиони денари од буџетот за оваа намена, кои се дел од резервите. Очекуваме проценки и од Национални шуми, а дадовме и насоки за доопремување, бидејќи есента ни треба масовно помушување со повисоки садници. Стотици хектари се уништени и тоа треба да го возобновиме, зашто се нашите бели дробови, рече премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.