Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нема кампови ни мигрантска криза, во хотели во земјава привремено ќе се згрижат Авганистанци кои бегаат од Талибанците, трошоците ќе ги платат Американците

Нема да има никакви бегалски кампови ниту мигрантска криза – во земјава ќе пристигнат неколку стотини прогресивни Авганистанци, кои ќе бидат згрижени во неколку македонски хотели, а трошоците за нивното сместување и престој ќе ги плати целосно американската влада и неколку меѓународни организации.

Меѓу бегалците кои бегаат од своите домови под закана од теророт на Талибанците се хуманитарни работници, граѓански активисти, интелектуалци, новинари, преведувачи и нивни семејства.

Македонската влада беше меѓу првите во светот што се одѕваа на повикот за помош за згрижување на овие лица, за што доби отворени пофалби од американската влада, од угледната НДИ, како и од поранешни и сегашни истакнати американски дипломати. Потоа, повеќе од 70 влади од светот се приклучија кон овој повик за помош.

Македонската влада апелираше граѓаните да не потпаѓаат под влијание на лажни вести за наводни бегалски кампови и илјадници бегалци – исти како оние пред неколку години дека во земјава ќе се доселат 5 милиони Африканци, што не се случи никогаш.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК