17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема мигрантска криза, земјава ќе засолни прогресивни Авганистанци и нивни семејства кои бегаат под смртни закани од Талибанците

Хуманитарни работници, граѓански активисти, интелектуалци, новинари, преведувачи и нивни семејства се меѓу неколкуте стотини бегалци што ќе ги прими земјава од Авганистан, а кои бегаат од своите домови под закана од Талибанците.

Македонските власти беа меѓу првите кои понудија помош за овие луѓе и нивните семејства, кои се под закана за ликвидација од Талибанците, кои завладеаја со Авганистан набргу по повлекувањето на меѓународните мировни сили од оваа земја.

Нема да има никакви бегалски кампови, туку овие луѓе ќе бидат згрижени во неколку македонски хотели, а трошоците за нивното сместување и престој ќе ги плати целосно американската влада и неколку меѓународни организации.

За разлика од големите мигрантски бранови со кои се соочуваше и нашата земја пред неколку години, овој пат не се работи за мигрантска или бегалска криза, туку за само неколку стотини бегалци кои ќе бидат привремено згрижени на македонска територија.

Македонската влада беше меѓу првите во светот што се одѕваа на повикот за помош за згрижување на овие лица, за што доби отворени пофалби од американската влада, од угледната НДИ, како и од поранешни и сегашни истакнати американски дипломати.

Македонската влада апелираше да не се шират дезинформации и страв во јавноста за наводни бегалски кампови и илјадници бегалци. Тоа се класични лаги, лиферувана од пропагандата на радикалните десничарски структури во земјава, исти како оние пред неколку години дека во земјава ќе се доселат 5 милиони Африканци, што не се случи никогаш.

Спонзорирано: