10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР најавува посвежо време – Детална прогноза за следните неколку дена

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени.

Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а од почетокот на идната недела ветерот ќе го промени правецот во југозападен.

Прогноза за 14.08.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=8

Прогноза за 15.08.2021
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=8

Прогноза за 16.08.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 38°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=8

Спонзорирано: